Хан и порача на Тирана дека нема време за губење

од Vladimir Zorba

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, попладнево на заедничката седница со албанската влада порача дека не треба да се губи време и оти подготвителниот процес е прва фаза од преговарчкиот процес.

– Треба да се гледа како на можност да се разговара за најновите случувања во односите на ЕУ и Албанија и, се разбира, премиерот се осврна на некои од задачите и предизвиците со кои се соочува. Советот го презентираше патот кој води до члнетсво. ЕУ и земјите-членки јасно ја истакнаа својата цврста определба за политиката на проширување како наша главна успешна политика на Унијата. Јас секогаш ја кажувам оваа реченица, ние или ќе извезуваме стабилност или ќе увозуваме нестабилност. И мислам дека ова е најдобриот опис во кратка реченица за тоа што е причината. Но, не е само тоа. Кога станува збор за Западен Балкан, секогаш велам дека тоа ќе беше комплетирање на нешто што знам дека започна во 1989 година од падот на железната завеса и кога Европа почна повторно да се обединува,- рече Хан.

Според него, ЕУ и Албанија се веќе бизнис партнери,кога станува збор за оваа инвестиција. Најави дека многу набрзо ќе биде подготвена календар од ЕУ, нагласувајќи го значењето на администрација и оти во сите институции  треба да има луѓе со големи познавања.

– Моето присиство во Тирана го означува почетокот на процесот за аналитичка проценка и тоа е прв чекор од преговарачкиот процес кој е пред нас. Сметам дека не треба да губиме време и да чекаме  до наесен,-нагласи Хан.

Тој искажа убеденост дека сите во Албанија се свесни дека патот до ЕУ не е лесен, додавајќи дека сите започнати реформи треба да се спроведат,зашто сето тоа „со многу внимание ќе го следат сите земји членки“.

Рама на седницата покрај другото оцени дека во следните 12 месеци земјата ја чека тешка работа ,но оти „ништо не ја попречува истата успешно да ја заврши“.

Хан треба да се сретне и со шефот на државата Илир Мета. Не е планира средба со спикерот на парламентот Грамоз Ручи и со лидерот на опозицијата Љуљзим Баша.

Слични содржини