Хан не издејствува компромис за реформската агенда на БиХ

од Vladimir Zorba

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан ја откажа утрешната посета во Босна и Херцеговина. Во писменото соопштение се вели дека тој ја откажува посетата поради неможноста во овој момент сите три нивоа на босанската власт да постигнат договор во врска со заедничката агенда за реформи која требаше да биде потпишана утре.

han

„Ги повикувам властите на БиХ да застанат зад преземените обврски  кон ЕУ, а особено кон граѓаните. Државата се соочува со сериозни социо-економски предизвици кои бараат брзи и важни одлуки, кои треба да бидат во интерес на стабилноста и просперитетот на државата и нејзините граѓани, а на во партиски интереси“, кажа Хан и ја повика власта во Република Српска да ја усвои реформската агенда, како што претходно тоа го направи Федерацијата на БиХ.

Слични содржини