Хан: Откако Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ, ќе стане „најдобриот ученик во класот“

од Nikola Popovski

Поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан од Преспанскиот форум за дијалог изјави дека со Преспанскиот договор имаше решителност за да се дојде до договор.

„Беше испратен јасен сигнал дека правичен компромис е возможен. Во однос на вашите преговори со ЕУ, ја разбираме вашата разочараност и недоверба, но верувајте ми како функционер и јас многу чест сум имал слични чувства и знам дека ние европејците не сме секогаш лесни за соработка. Секогаш се обидуваме на крајот да дојдеме до решение и резултати. Секогаш сакаме да создадеме подобрување, но и вие го заслужувате тоа. Откако С. Македонија ќе ги започне преговорите, ќе стане „најдобриот ученик во класот“ на овој регион“, потенцира Хан.

Слични содржини