LIDER-290x300

Еврокомесарот Јоханес Хан се сретна со претседателите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. По 13 часот во Резиденцијата на Аиво Орав во Пржино на одделни средби Хан ќе има со лидерот на СДСМ Зоран Заев и Премиерот Никола Груевски. За 17 часот е најавено дека заедно со Јоханес Хан на заедничка маса ќе седнат четворицата лидери. Во меѓувреме на разговорите ќе им се приклучат и тројцата Ховит, Вајгел и Кукан. За 18:30 часот е најавена прес-конференција на комесарот Хан на која се очекува да ги соопшти резултатите од разговорите со политичките лидери.

 

Слични содржини