Хаос на фудбалски натпревар во Австралија: Се истепаа Македонци и Хрвати (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Невидена тепачка меѓу навивачи се случила во неделата во Австралија, на натпревар помеѓу клубови основани од Македонци и Хрвати!

Станува збор за дуел помеѓу „македонскиот“ Рокдејл Илинден и „хрватскиот“ Сиднеј Јунајтед 58, кој заврши со резултат 0 0.

Тепачката наводно започнала прво на теренот меѓу играчите, а во меѓувреме се преселила на трибините каде според полициските извештаи се користело и ладно оружје.

 

– Полицијата го истражува случајот и нема да коментираме ништо додека не заврши истрагата. Но, се разбира, клубот не поддржува никакво насилно или криминално однесување – објавиле од ФК Илинден.

На видеата што се појавија на социјалните мрежи јасно се гледа дека хулиганите започнале да фрлаат пластични гајби, потоа камења и факели, а меѓу нив имало и лице кое носело мачета.

Епилогот на сè е неколку апсења и кауција, како и тројца повредени кои завршиле во болница.

Слични содржини