Хаос на концертот на Северина, пукнало стакло, за малку избегната несреќа

од Elena Daskalova

На вчерашниот концерт на Северина во Белград се случил неочекуван инцидент само што пејачката излегла на сцена.

Се слушнало гласно врескање, бидејќи пукнал рефлектор, а стаклото паднало врз неколку девојки од публиката. За среќа, обезбедувањето веднаш ги тргнало девојките, а тие поминале само со ситни гребаници.

Додека да се исчисти стаклото, обезбедувањето не дозволувало никој од публиката да се доближи таму.

Ќе се испитуваат причините за проблемот. Пејачката изјавила дека ѝ е драго што бил избегнат поголем инцидент и им посакала побрзо оздравување на девојките.

Слични содржини