Хаос на летот од Приштина кон Базел: Се степаа патници (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Во авионот на летот од Приштина кон Базел, во саботата попладне, дошло до тепачка меѓу патници.

Според медиумите, станува збор за крвава тепачка, која продолжила по слетувањето на аеродромот во Базел.

Имено, на сред аеродром патниците што се карале повторно се степале.

Аеродромската полиција ја потврди веста за тепачката за швајцарскиот дневен весник „Блик“, кој го пишуваше од конфронтацијата на паркингот на аеродромот меѓу двете семејства.

Според дневникот, двајца мажи биле уапсени поради таа тепачка.

Слични содржини