Хаос на Рузвелтова: Тешка сообраќајка, уништени две возила, има и повредени

од Aleksandar Petrovski

Попладнево се случи сообраќајка во близина на раскрсницата помеѓу улиците Рузвелтова и Орце Николов во која две лица имаат тешки телесни повреди и се пренесени на клинички, пренесува Сител.

Според сведоштво на очевидци, возач на автомобил во алкохолизирана состојба удрил во друг автомобил. Пијаниот возач се обидел да избега од местото на настанот преку тротоар и удрил во дрво.

– Во 16:38 пријавена е сообраќајка меѓу автомобил Цитроен и Опел. До сега две лица се пренесени во ургентен, велат од МВР.

Од полицијата информираат дека увидот е во тек.

Слични содржини