Хаос на улиците во Мјанмар: Најмалку 13 мртви во протестите против воената хунта (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Уште двајца демонстранти беа убиени денеска во градот Јангон во Мјанмар, кога безбедносните сили отворија оган врз противниците на воениот удар од 1 февруари, изјавил сведок, со што бројот на жртвите достигнал најмалку 13 лица.

– Слушнав толку непрекинати истрели. Легнав на земја, тие пукаа во многумина и видов двајца убиени – изјавил за Ројтерс демонстрантот Каунг Пиа Соне Тун (23).

Безбедносните сили отвориле оган со минимум предупредување во неколку градови, изјавиле очевидци, а хунтата е поодлучна од кога и да е да ги запре протестите.

На снимката подолу може да забележите како се брутални луѓето на улиците низ Мјанмар.

Слични содржини