Хаос ширум Русија: Закани за бомби на сите страни, службите за безбедност дејствуваа на „Шереметјево“

Руските безбедносни служби ги проверуваат сите терминали на меѓународниот аеродром Шереметјево по анонимна закана со бомба, изјави денеска извор од безбедносните служби.

“Добивме извештај за поставени бомби на терминалите на аеродромот Шереметјево. Службениците на агенциите за безбедност се на лице место”, рекол изворот.

Истиот извор наведува дека аеродромот не бил евакуиран и дека работи со вообичаено темпо, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Претходно, специјалните служби извршија увид во сите училишта, градинки, Центарот за вработување, Техничкото биро, Царинската академија и неколку институции во градот jуберци во московскиот регион.

Во тек се проверки на сите супермаркети од ланецот „Магнит“ и филијали на банки во jуберција.

Извор од безбедносните служби додава дека некои од проверките се завршени и се покажало дека заканата е лажна.

Слични содржини