ХАОС ВО БЕЛГИЈА, системот пред пукање: Дури и лекарите заразени со корона мора да работат

од Stefanija Kuzmanovska

Од докторите во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат иако имаат коронавируспоради зголемувањето на бројот на случаи и новите проблеми во болниците, пишува Би-Би-Си.

Се тврди дека околу една четвртина од медицинскиот персонал е заразен.

Сега, десет болници побараа од своите вработени кои биле позитивни на вирусот, но немаат никакви симптоми, да продолжат со работа.

Шефот на белгиската асоцијација на медицински синдикати за Би-Би-Си изјави дека немаат друг избор доколку сакаат да спречат уривање на системот во следните неколку дена.

Еден од три тестирани лица е позитивно во овој источно белгиски град. Болниците ги транспортираат пациентите во други установи и ги откажуваат неитните операции.

Патем, министерот за здравство, Франк Ванденбрук, пред неколку дена предупреди дека земјата очекува „цунами“ од новозаразени, а во тој случај властите нема да можат да „контролираат што се случува“.

Да потсетиме, Европа се соочува со уште една катастрофа, имајќи предвид дека бројот на заразени расте алармантно на целиот континент.

Слични содржини