Хаос во Белград во текот на ноќта: Изгореа две жени, млад човек беше застрелан, а друг исечен со нож

од Stefanija Kuzmanovska

Полни раце работа за полицијата, брзата помош и пожарникарите во Белград во текот на ноќта, пишува „Курир“.

Прво, околу полноќ, еден млад човек беше застрелан. Тој бил пренесен во болница со прострелна рана во ногата. Ќе преживее.

Нешто подоцна, млад човек (20) бил исечен со нож.  Морале да го оживеат. Тој е во сериозна состојба.

Потоа пристигнала дојава за пожар.

Пожарникарите пристигнале брзо, но куќата изгорела. Внатре имало две жени. Ним не можело да им се помогне.

Во текот на ноќта, 20 екипи на брза помош биле на служба во Белград. Тие имале 93 интервенции! За една ноќ. Од нив, четири биле сообраќајни несреќи со полесни повреди. И пожарникарите и полицијата биле прилично зафатени.

Слични содржини