ХАОС во Бразил: Фудбалери спасуваа глава, хулигани влетаа на терен и уништуваа се пред себе (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Поразите понекогаш тешко се прифаќаат, а особено се тешки за навивачите на бразилскиот прволигаш Гремио, кои синоќа направија вистински хаос во Порто Алегре.

Гремио загуби со 1:3 дома од Палмеирас, а неговите навивачи упаднаа во „Арена де Гремио“ од трибините по натпреварот и се обидоа да го уништат ВАР мониторот покрај теренот.

Мала група „навивачи“ се обиде физички да се пресмета со редарите, а работите мораше да ги смири интервентната полиција која успеа да ги турне демонстрантите назад на трибините.

Фудбалерите на Гремио побегнаа во тунелот и во соблекувалната, а овој настап на нивните навивачи тешко дека ќе им помогне во основниот проблем, лошата позиција во поредокот.

Гремио е еден од најпознатите и најтрофејните бразилски клубови, но оваа сезона многу се мачи и моментално е во зоната за испаѓање, на 19. место со 26 бодови – седум од зоната за спас.

Слични содржини