Хаос во Холандија: Судири, грабежи и пожари (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Група демонстранти против „заклучувањето“ и полицискиот час во холандскиот град Ајндховен се судрија со полицијата и ги гаѓаа со камења, а полицијата возврати со водени топови и солзавец и уапси најмалку 30 лица.

Полицијата употреби и водени топови во Амстердам за да ги растера демонстрантите на главниот плоштад.

Насилните протести се случија еден ден откако демонстрантите запалија пункт за тестирање на коронавирус во холандското рибарско село Урку.

Пред три дена, холандската влада предложи воведување национален полициски час за прв пат по Втората светска војна и забрана за летови од Јужна Африка и Велика Британија во обид да се ограничи ширењето на нови видови на коронавирус во Холандија.

Полицискиот час стапи на сила во петокот.

Слични содржини