Хаос во Италија заради коронавирусот: Граѓаните со часови чекаат да влезат во продавниците, таму рафтовите се празни!

од Aleksandar Petrovski

Во неколку италијански помали места во регионот на Ломбардија и Венето, каде живеат вкупно околу 50.000 жители, од вчера на сила е строг карантин.

Затворени се продавниците, рестораните, баровите, не се служат миси, одложени се карневалските славја, затворени градинките, одложени се спортските турнири и сите врсти на собири. Не сообраќа ниту јавниот превоз.

Заштитни маски веќе одамна нема во бројните италијански аптеки. Една аптекарка за Кориере дела сера изјавила дека веќе нема заштитни маски ниту за сопствени потреби.

Жителите на малото гратче Казалпустерленго во Ломбардија стоеле со часови во колони за супермаркет за да купат намирници, но полиците во продавниците биле празни.

Во Ломбардија, Венето, Емилија-Ромања и Пијемонти школите и факултетите се затворени до 1 март. Предавања нема а затворени се пабовите, дискотеките и кафулињата кои ќе мора да престанат со работа во 18 часот попладне. Потоа не смеата да послужуваат гости, изјави Џулио Галера.

„Изолираните градови не ќе може да се напуштат, ниту во нив ќе може да се влезе и тоа ќе го обезбедуваат полициските сили, а според потреба и војската“, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте, кој додаде дека оние кои ќе ја прекршат одлуката се соочуваат со кривичен прогон.

Коронавирусот во Италија е откриен кон средина на минатата недела и до денес се заразени преку 165 лица, а четворица починаа.

Слични содржини