Хаос во Израел: Повеќе од 10.000 лица протестираат во блицина на домот на Нетанјаху

од Stefanija Kuzmanovska

Во Израел, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху го отпушти министерот за одбрана Јоав Галант, повеќе од 10.000 луѓе излегоа на улиците. Во Ерусалим, полицијата и војската употребија водени топови врз демонстрантите кои се собраа во близина на домот на Нетанјаху.

Министерот за економија Нир Баркат го предупреди Нетанјаху дека ја довел земјата на работ на граѓанска војна. Тој додаде дека реформата на која се противи Галант е неопходна и ќе се спроведе, но не по цена на „граѓанска војна“.

На улиците на Израел избија масовни протести. Причина за тоа беше потегот на локалниот премиер. Бенјамин Нетанјаху го отпушти министерот за одбрана Јоав Галант, кој се спротивстави на контроверзните планови за реформи во правосудниот систем, јавува Би-Би-Си.

Реформите вклучуваат планови да ѝ се даде на владата целосна контрола врз одборот кој ги назначува судиите. Тие, исто така, би им отежнале на судовите да го отстранат лидерот за кој се смета дека не е способен да ја извршува функцијата. Последново налути многумина кои веруваат дека е во интерес на актуелниот премиер, кој се соочува со судење за корупција.

Израелскиот премиер вели дека реформите се дизајнирани да ги спречат судовите да ја надминат својата јурисдикција. Тој вели и дека јавноста гласала за промени и на последните избори.

Иако веќе планираа една недела немири поради новиот закон, по смената на министерот, на улиците на Израел се собраа повеќе од 10.000 луѓе. Во Ерусалим, полицијата и војниците употребија водени топови врз демонстрантите во близина на куќата на Нетанјаху. Оттаму некои отидоа во израелскиот парламент.

Во Тел Авив, демонстрантите со знамиња го блокираа главниот автопат повеќе од два часа пред да бидат расчистени од полицијата и водените топови.

„Ние го браниме последното парче демократија кое го имаме. Не можам да сторам ништо додека не го запреме ова лудило“, коментира еден од владините претставници за Би-Би-Си, кој смета дека премиерот ги преминал сите граници кои ги имаат како демократска земја.

Слични содржини