ХАОС во Јувентус: Камера го фати Алегри како ги пцуе своите играчи!

од Vladimir Zorba

На Јувентус оваа сезона воопшто не му оди на терен, бидејќи по четири воведни кола се наоѓа во зоната за испаѓање со само два освоени бода! Последниот беше „регистриран“ во неделата вечер против Милан (1: 1), иако „бјанконерите“ водеа од четвртата минута!

Сепак, Анте Ребиќ ги шокираше во 76. минута кога го израмни резултатот и му донесе бод на Милан, истовремено продлабочувајќи ја кризата, која очигледно се провлече во редовите на Јуве. Толку многу, што нивниот тренер Масимилијано Алегри јавно ги пцуеше сите фудбалери.

– Па вие играте за Јувентус – извика Алегри додека го напушташе теренот во неделата вечерта, не забележувајќи дека камерата го фатила.

Италијанските медиуми отидоа чекор подалеку и наведуваат дека Алегри е бесен на петмина негови фудбалери. Прво на офанзивното трио Кулушевски – Киеза -Кен, но и на голманот Чесни и играчот за врска Рабио.

Наводно, Чесни и Рабио се нашле во клинч по голот на Ребиќ, кога Полјакот директно го обвинил Французинот дека не го следел Хрватот при израмнувачкиот гол.

Слични содржини