Хаос во Конго: Луѓето бегаат од Гома, лавата стигна до градот

од Nikola Popovski

Владата на Демократска Република Конго активираше план за евакуација на граѓаните од Гома по ерупцијата на вулканот, откако лавата стигна до аеродромот во близина на градот.

Според Ројтерс, луѓето земале душеци и други работи и побегнале кон границата со соседна Руанда, додека црвен сјај го исполнил небото над градот.

Вулканологот Дарио Тедеско за Ројтерс најпрво изјавил дека се чини дека Гома, град со околу два милиони жители, не е во опасност, а лавата течела кон исток, во правец на границата со Руанда.

Слични содржини