ХАОС во Њујорк: Улиците под вода – прогласена вонредна состојба (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио прогласи вонредна состојба во средата навечер поради, како што рече, „историски временски настани“ со рекордни обилни  дождови низ градот што предизвика поплави и опасни услови на патиштата.

Речиси сите линии на подземната железница во Њујорк беа прекинати доцна синоќа, бидејќи остатоците од тропската бура Ида донесе силен дожд и закана од поплави и торнада во делови од Северниот Атлантик, објави претходно Си -Ен -Ен.

Градоначалникот на Њујорк ги повика луѓето да не излегуваат.

„Ве молиме, останете надвор од улиците вечерва и оставете ги нашите служби за итни случаи да ја завршат својата работа. Ако размислувате да излезете, немојте. Останете подалеку од метрото. Тргнете се од патиштата“.

Слични содржини