Хаос во Цирих: Градот е речиси опустошен (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Швајцарија била погодена големо невреме, проследено со рекордни врнежи од дожд, што предизвикало поплави и хаос во сообраќајот, особено во градот Цирих.

Повеќе од 4 сантиметри дожд наврнале синоќа на Цирих, потврдија од државното радио и ТВ СРФ, пренесува Ројтерс.

Тековниот национален рекорд датира од август 2018 година, кога во Лозана наврнале 4,11 сантиметри дожд за 10 минути.

Делови од мрежата за сообраќај на автобусите и трамваите во Цирих биле запрени затоа што паднатите дрвја ги блокирале патишта, а некои улици биле целосно поплавени.

Досега градските власти не објавија податоци за можни жртви или повредени.

Метеоролошката служба на СРФ објави дека дождот ќе продолжи да паѓа, што може да предизвика посериозни поплави, особено покрај коритата и околу езерата а исто така било издадено предупредување и за одрони.

Слични содржини