Хаос за време на првомајските протести во Париз, борби меѓу полицијата и демонстрантите (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Илјадници француски жители се приклучија на традиционалните првомајски протести низ целата земја во саботата, и покрај ограничените мерки воведени за спречување на ширењето на Ковид-19 и полицискиот час.

Демонстрантите бараа социјална и економска правда и отворено се спротивставија на владините планови за промена на надоместоците за невработеност.

Во Париз и другите поголеми француски градови – Лион, Нант, Лил и Тулуз – беа организирани вкупно триста митинзи.

Во Париз, каде се распоредени околу 5.000 полицајци, беа уапсени 17 демонстранти. Неколкумина демонстранти, облечени во дуксери со црни качулки, се судрија со полицијата. Некои фрлаа камења и ги превртуваа кантите за ѓубре. Полицајците имвозвратија на демонстрантите со палки и солзавец.

Во главниот град на Франција, на синдикалците им се придружија и членовите на движењето „Жолти елеци“, кои започнаа бран антивладини протести пред три години, како и работници вработени во сектори сериозно погодени од пандемичните ограничувања, како што се културните работници.

Учесниците во маршот носеа заштитни маски во согласност со правилата и прикажаа транспаренти на кои пишуваше: „Дивиденди, а не надоместоци за невработеност, се приход на мрзливи луѓе“ и „Ние сакаме да живееме, а не да преживуваме“

– Многу пари одат за оние кои имаат многу, а помалку пари одат за оние кои немаат ништо, што се рефлектира во планот за реформа на осигурувањето во случај на губење на работното место, што сакаме да го укинеме – рече Филип Мартинез, шеф на синдикатот на ЦГТ.

Повеќето од демонстрациите се одвиваа во мирна атмосфера, иако полицијата во Лион растера група од околу 200 демонстранти кои фрлаа петарди.

Франција, која е рангирана на неслвното осмомсто во светот според бројот на смртни случаи од ефектите на Ковид-19, во понеделник ќе започне со олеснување на третото заклучување, откако земјата забележа намалување на бројот на случаи на инфекција.

Слични содржини