Хаотично низ САД: Жена двапати удрила полицаец во лице, ѝ возвратиле со иста мерка (видео)

од Nikola Popovski

Протестите продолжуваат низ САД после смртта на Џорџ Флојд. Дури 25 градови во 16 држави прогласиле полициски час по протестите кои се претвориле во вистински хаос. Се палеле полициски автомобили, полициски станици, грабежи, а Националната гарда е веќе на улиците.

Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом прогласич вонредна состојба во округот Лос Анџелес, се вели во соопштението на гувернерот.

На Твитер било објавено шокантно видео од Балтимор, на кое се гледа босонога жена како двапати удира полицаец во лиц додека друг службеник ја бутнал на земја, пишува „Њујорк пост“.

Имено, таа возела, а потоа излеглаод автомобилот бидејќи полицаец ја запрел и ја замолил да излезе од возилото.

Таа додека излегува од автомобилот, во еден момент го удрила полицаецот.

После тоа пристигнал уште еден полицаец кој ја удрил жената затоа што нападнал службено лице, по што таа паднала на земја.

Градоначалникот Бернард Ц. „Џек“ Јанг изјавил во саботата дека неидентификуваниот службеник кој ја удрил жената е „отстранет од полициските должности“, објавиле други американски медиуми.

Видеото може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Слични содржини