Харадинај бара од Рама да го легализира канабисот: „Македонија го направи тоа“

од Vladimir Zorba

Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај побара од премиерот на Албанија, Еди Рама, да го легализира канабисот, како што направи и Северна Македонија.

„Мислам дека е многу важно да се легализираат наркотиците во Албанија, особено оние што се садат – канабис. Потребна е храброст. Легализирајте го. Направете закон за негово одгледување. Македонија го направи тоа. Други народи го направија тоа. Ајде да се ослободиме од тоа како Албанци од нивната карта дека сме земја на наркотици“, рече Харадинај за албанската ТВ АБЦ.

Според него, постои опасност од канабис сега кога неговото одгледување е забрането, но „не и утре, ако се легализира“.

„Некои од проблемите со кои се соочува Албанија треба да се решат со стабилна правна основа. Не оставајте ги како проблеми за кои сите знаат, зборуваат и не злоупотребуваат нас, Албанија и Косово, а ние се преправаме дека не постојат. Мора да се дадат правни одговори, само по легален пат можеме да излеземе од оваа ситуација“, рече тој.

Слични содржини