Харадинај: Да ги задржевме таксите, Србија ќе не признаеше

од Nikola Popovski

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај смета дека Косово би било признато доколку ги задржело таксите до 4 септември, кога се одржал состанокот во Вашингтон со посредство на администрацијата на Доналд Трамп, пренесува „Балкан инфо“.

Како што навел, доколку даноците од 100 проценти на стоките од централна Србија и БиХ останеле на сила, точката 10 нема да била тргната од договорот од Вашингтон, според кој Србија треба да ја признае независноста на Косово, пренесува „Косово онлајн“.

Слични содржини