Харадинај: Досиејата што ги добија ветераните на ОВК му штетат на Косово

од Nikola Popovski

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и поранешен обвинет од Хаг, Рамуш Харадинај, рече дека со голема загриженост го следел злонамерниот спектакл во врска со досиејата, „што неправедно создава впечаток дека Косово е на спротивната страна на правдата“, пренел „Коссев“.

Најновите настани на оваа тема, кои ја поттикнуваат медиумската дебата, не му помагаат на Косово, на неговата вистина и на локалната и меѓународната правда, соопштил Харадинај во објавата на Фејсбук, откако на Здружението на борците на ОВК објавија дека добиле втор круг документи, наводно, протечени од Специјалниот суд.

Тој ги повика сите што ќе поседуваат „чувствителни документи“ во врска со истрагите на Специјализираното обвинителство, да ги предадат на надлежното обвинителство и да не го охрабруваат „продолжувањето на медиумскиот спектакл што му штети на развојот на правдата и спроведувањето на законот за сите“.

Харадинај рекол дека ОВК и народот на Косово секогаш биле посветени на тоа да бидат на страната на правдата, вистината и меѓународното право и додаде дека „секогаш ќе бидат“.

Слични содржини