Харадинај: Или напредок до 2025 година или обединување со Албанија

од Nikola Popovski

Претседателот на АБК, Рамуш Харадинај, од предизборниот митинг во Призрен рече дека партијата ќе побара референдум за обединување со Албанија.

Како што рече, тоа ќе се случи доколку нема напредок на Косово до 2025 година, пренесува порталот „Економија онлајн“.

Харадинај посочи дека партијата има список на најдобри кандидати за пратеници, „обучени и кредибилни професионалци со интегритет“.

Харадинај, за време на презентацијата на програмата на партијата на отворањето на изборната кампања во Призрен, рече дека економското заживување е еден од приоритетите на АБК.

„Имаме список на најдобри кандидати. Имаме програма што нуди решенија за економско заживување, одржлив развој, владеење на правото, безбедност и сите други сектори одделно“, рече Харадинај.

Харадинај повтори дека, доколку нема напредок до 2025 година, тој ќе биде првиот што ќе побара референдум за обединување на Косово и Албанија.

„Сакам да кажам дека гласот за АБК е глас за претседател, тоа е глас за одбрана на земјата. Гласајте за Косово во НАТО и ЕУ. Изјавив и повторувам денес, од домот на Призренската лига, ако нема јасен напредок до 2025 година, јас ќе бидам првиот што ќе барам референдум“, рече Харадинај.

Слични содржини