Харадинај: На косовската војска и се потребни 10 милијарди евра за да му парира на „вчерашниот агресор“

од Vladimir Zorba

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај денеска побара да се создаде посебен фонд, покрај буџетските средства, за поддршка на Косовските безбедносни сили, наведувајќи дека 100 милиони годишно се недоволни да ги задоволи потребите што ги има и дека се потребни 10 милијарди евра за да се изедначи со „вчерашниот агресор“.

„За да може да го изедначи Косово со нашиот вчерашен агресор, на армијата на Косово и треба буџет од 10 милијарди евра. Сегашните 100 милиони евра годишно не се доволни за одржување на сегашната ситуација или за зголемување на воениот капацитет на потребното ниво“, рече Харадинај.

Како што јави приштинската агенција „Косовапрес“, Харадинај изјавил дека постојаното зајакнување на војската на Косово треба да биде трајна цел, бидејќи сегашниот буџет од 100 милиони евра не е доволен за Косово да има војска „способна да се брани од потенцијалните агресори“.

Според него, на ова ќе му претходи донесување закон во косовското Собрание со кој би се создал фонд, а со него ќе се овозможат донации од Албанците каде и да се – во „нивните етнички земји“ или во дијаспората.

Слични содржини