Харадинај побара САД да го преземат дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово

од Vladimir Zorba

Поранешниот премиер и претседател на Алијансата за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај, побара Соединетите Американски Држави да го преземат дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

„Изразувајќи благодарност до Европската Унија за олеснувањето на дијалогот, вистински момент е ЕУ да му го предаде дијалогот за конечниот договор за меѓусебно признавање на Косово и Србија на претседателот Бајден“, напиша Харадинај на Фејсбук.

Тој оцени дека претходниот дијалог не смее да се врати на разговор на исти теми, како и дека „спроведувањето на редот и законот во целата земја треба да биде во согласност со Уставот и законите на Република Косово“.

Додаде и дека Америка овојпат му дала поттик на процесот што го води ЕУ и помогнала и ја вратила нормалноста во дијалогот и односите меѓу Косово и Србија.

Слични содржини