Харадинај за српските таблички: Одлуката на Курти е дел од изборната кампања

од Nikola Popovski

Поранешниот косовски премиер и претседател на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека Владата на Косово ја донела одлуката за реципроцитет во врска со регистарските таблички за автомобили во однос на Србија поради изборната кампања, и рече дека сега нема враќање назад.

-Време е за кампања, премиерот го искористи и во парламентот, но без оглед на причините, конечно се спроведува Уставот. Воспоставија реципроцитет и сега нема враќање назад, рече Харадинај, пренесува „Економија онлајн“.

Харадинај смета дека владата на Албин Курти е многу внимателна во односите со Србија, особено во однос на економските интереси и дека и помогнала на Србија со укинување на даноците, а потоа и со други олеснувања.

Тој посочува дека има многу докази дека владата на Курти е за Србија и додава дека воведувањето на реципроцитет беше очекувано.

-Мислам дека Курти ги „разгали“ Србите на северот и Србија, а денешните акции се последица на претходните договори, не нов резултат туку последица, поради што не гледам зошто Србија треба да изрази нервоза, ова беше очекувано, рече Харадинај , пренесува „Косово онлајн“.

Фото: Newsmax Adria

Слични содржини