Харден бил на чекор од трансфер во Голден Стејт

од Vladimir Zorba

Џејмс Харден немаше проблем со тоа да се претвори од клучен шести човек за Оклахома Сити во суперѕвезда за Хјустон.

Во моментов „брадата“ е главен кандидат за наградата за „Најкорисен играч“ на сезоната во НБА, но имало веројатност тој воопшто да не се најде во Тексас, туку да стане дел од …Голден Стејт!

Познатиот новинар Бил Симонс открива дека Харден бил на чекор од трансфер во „воините“, а во замена за неговите услуги кон ОКС требало да преземе Клеј Томпсон.

Освен Томпсон, во договорот бил вклучен и избор во драфтот, но генералниот менаџер на Тандер, Сем Прести одбил да го земе неповолниот договор на летонскиот центар Андрис Биедринш и тоа одиграло сериозна улога работите да бидат спречени.

Платата на Бидринш беше 9 милиони долари за сезона.

Слични содржини