Харден оди кај Дурент?!

од Vladimir Zorba

Хјустон има проблеми и се чини дека ќе станува се поголем откако Расел Вестбрук и Џејмс Харден би можеле да го напуштат тимот.

Идејата на тренерот Мајк Д’Антони во „ракетите“ исчезна и се чини дека целиот тим ќе се распадне.

Д’Антони го напушти тимот, Вестбрук најави дека ќе го стори истото, а Харден наводно е на тој пат.

Наводно, Харден добил покана од Кевин Дурент да дојде во Бруклин Нетс и да формира нова „голема тројка“ со него и Кајри Ирвинг.

Медиумите наведуваат дека зделката е веќе подготвена и дека Бруклин одлучи да испрати дури четири играчи во спротивна насока.

Се шпекулира дека станува збор за Спенсер Динвиди, Карис Лаверт, Торино Принс и Џарет Ален.

Доколку оваа информација е точна, договорот може да биде објавен на 22 ноември.

Харден ја започна својата кариера со Дурент во Оклахома, но потоа реши да излезе од неговата сенка и стана еден од најдобрите играчи во лигата во Хјустон.

Слични содржини