Харден приведен во Париз (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Џејмс Харден, кошаркар на Бруклин Нетс и една од најголемите sвезди во НБА лигата, се најде во неволја со законот за време на неговиот престој во Париз.

Харден, заедно со раперот Лил Бејби, одлучија дел од својот одмор да го поминат во главниот град на Франција, каде што се одржува Модната недела, и се чини дека отидоа предалеку.

Американците шетаа по улиците на „градот на светлината“ кога ги запреа претставници на безбедносните сили затоа што, според француските медиуми, мирисале на марихуана.

По претресот на Лил Бејби, пронајдени се околу 20 грама канабис, што е забрането во Франција, па раперот со лисици бил однесен во полициската станица, додека Харден, по краткото испрашување, бил ослободен.

Сè уште нема информации дали ќе биде покрената постапка против нив.

Слични содржини