Хари добил нервен слом, откако Меган го принудила да го отфрли своето семејство?

од Stefanija Kuzmanovska

Списанието „Globe“ во својот нов број пишува дека принцот Хари (35) побарал психолошка помош во клиниката во Калифорнија за пост-трауматско нарушување, познато и како ПТСД.

Треба да се напомене дека списанието има тенденција да претерува и објавува маргинални информации, но веста за тагата и нестабилноста на Хари во Америка ја објавија голем број релевантни светски медиуми и сите се на иста патека – Хари е тажен, осамен и изгубен во Америка.

„Самиот Хари признал дека не може да верува колку неговиот живот се сменил и се превртел наопаку. Меган го принуди да ги отфрли семејството, пријателите и татковината за да може да го следи нејзиниот сон да стане холивудска актерка“, изјавил изворот за „Globe“.

Но, тоа не е крај на деталите.

Принцот и Меган се расправаат за тоа како ќе изгледа нивниот живот во САД кога ќе завршат мерките за карантин, што го довело до точка на нервен слом. Тој заврши во клиниката за лекување која е во близина“, изјавил наводниот извор на таблоидот.

Наводно, здравјето на принцот се влошувало со текот на годините, се споменува и неговата служба во армијата, самиот Хари постојано нагласувал дека не сака Меган да и се случи, она што се случило со неговата мајка.

Тие исто така изјавуваат дека Хари се чувствува многу осамен во Лос Анџелес затоа што му недостасуваат пријателите.

„Единствените луѓе што ги гледаат се sвездите на А-списокот со кои Меган се обидува да се здружи со цел да ја рестартира кариерата и да стане суперesвезда“, рече изворот.

Слични содржини