Хари фрлен на земја за време на поло натпревар, останатите играчи притрчале да помогнат

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари се преврте, но брзо стана на нозе за да ја продолжи играта во Санта Барбара.

Војводата од Сасекс бил фрлен на земја, а се е забележано со фотографии, пренесува „Метро“. Изгледа прилично драматично бидејќи кога паднал другите коњи биле околу него. Сепак, за среќа, се поминало добро и без повреди, а останатите играчи дојдоа да го проверат.

Хари ја споделува својата љубов кон поло натпреварите со неговиот брат принцот Вилијам, кој во последно време не е многу на теренот.

Нивниот татко, принцот Чарлс, исто така играше натпреварувачко поло, но конечно се пензионираше во 2005 година на 57-годишна возраст, главно играјќи на хуманитарни натпревари.

Поло натпреварот беше првото јавно излегување на Хари по враќањето во Лос Анџелес од Лондон по платинестиот јубилеј. Јубилејниот настан, 70 години од владеењето на кралицата Елизабета, беше одлична можност за Хари и Меган да ја запознаат својата ќерка Лилибет со кралицата за нејзиниот прв роденден.

Слични содржини