Хари и Меган ја напуштаат заедничката фондација на кралското семејство

од Vladimir Zorba

Поделбата е факт! Од палатата во Кенсингтон потврдија дека принцот Хари и Меган Маркел повеќе нема да учествуваат во заедничката фондација во која беа заедно со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Ова се случува една година откако Меган се приклучи на фондацијата.

Кралската фондација е основана во 2009 година од страна на принцот Хари и принцот Вилијам. Подоцна, нивните жени се приклучуваат. Целта на фондацијата е да ги поддржи идните добротворни проекти во семејството.

Вчера беше седницата на одборот на фондацијата каде војвотката и војводата од Сасекс објавија дека се повлекуваат од своите позиции. Гласините за одвоеност помеѓу двете семејства веќе подолго време се во медиумите, но официјалната потврда не дојде до четвртокот. “Подоцна во текот на годината, фондацијата ќе помине целосно во рацете на војводата и војвотката од Кембриџ”.

Фото: Ројтерс

Во соопштението се споменува дека Хари и Меган ќе основаат своја фондација со поддршка од Кралската фондација. Сепак, двете семејства ќе продолжат да работат заедно на заеднички проекти, како што се психолошката програма.

Официјалната причина за одвоеноста не беше спомената, но според хроничарот на кралското семејство, Емили Ендрјус, се појавил проблем меѓу двете семејства по свадбата на Хари и Меган. “Проблемите беа прилично сериозни меѓу двајцата браќа и тие не зборуваа неколку месеци по венчавката”, изјави изворот за Ендрјус.

Фото: Ројтерс

Гласините за недоразбирање се интензивираа откако војводата и војвотката од Сасекс решија да се иселат од палатата Кенсингтон. Досега, проблемите меѓу двете семејства се само гласини и тие сè уште се појавуваат заедно на настаните и изгледаат добро.

Фото: Ројтерс

Слични содржини