Хари и Меган најавија нова серија на Нетфликс, откриена датата на премиерата (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари и Меган Маркл објавија трејлер за уште една серија на Нетфликс која ќе започне да се емитува кон крајот на овој месец. Тие двајца се извршни продуценти на серијата „Live To Lead“, за кој велат дека е документарен серијал инспириран од наследството на Нелсон Мандела.

Според Нетфликс, серијата, чија премиера ќе биде прикажана на 31 декември, ќе ги прикаже лидерите и активистите како „размислуваат за нивното наследство и споделуваат пораки за храброст, сочувство, понизност и надеж“.

Шоуто е создадено во соработка со Фондацијата Нелсон Мандела, организацијата Blackwell & Ruth и компанијата Archewell Productions, која е во сопственост на Хари и Меган.

„Ова е инспирирано од Нелсон Мандела, кој еднаш рече дека она што е важно во животот не е самиот факт дека сме живееле, туку колку сме ги промениле животите на другите за да го одредиме значењето на животите што ги водиме“, додаваат Хари и Меган во трејлерот.

Слични содржини