„Хари и Меган“ најгледан документарец на Нетфликс (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Пред објавувањето на вториот дел од серијалот, стриминг сервисот откри дека првите три епизоди на „Хари и Меган“ забележале 81,55 милиони часови гледаност по премиерата ширум светот.

Документарната серија на Нетфликс за британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган собра повеќе време за гледање на сервисот за стриминг од кој било друг документарец во првата недела, објави компанијата во вторникот.

Првите три епизоди од серијалот забележаа 81,55 милиони часови гледаност по премиерата минатиот четврток, се вели во соопштението на Нетфликс. Повеќе од 28 милиони домаќинства гледале барем дел од серијалот.

„Хари и Меган“ беше втората најгледана серија на англиски јазик на Нетфликс ширум светот помеѓу 5 и 11 декември, зад драмата на Тим Бартон „Wednesday“. Исто така, беше број еден серијал на англиски јазик за оваа недела во Велика Британија, додека се рангираше на второто место во Австралија и САД.

Во првите три епизоди, војводата и војвотката од Сасекс направија серија откритија, при што Меган се присети на нејзината прва смртна закана.

Слични содржини