Хари и Меган се откажаa од брендот „SussexRoyal“

од Vladimir Zorba

Војводата и војвотката од Сасекс ќе престанат да го користат брендот „Сасекс Ројал“ (SussexRoyal) од пролет.

Портпаролот на двојката изјави дека поради правилата на британската влада за користење на придавката „кралски“, Хари и Меган решиле поинаку да ја наречат непрофитната организација.

Двојката, исто така, го повлече официјално барањето за регистрација на брендот.

Претходно оваа недела, Хари и Меган објавија дека официјално ќе ги прекинат своите должности како високи членови на кралското семејство на 31 март.

Тие претходно објавија дека ќе работат за да бидат финансиски независни.

Хари и Меган официјално ќе ги задржат титулите, но нема да ги користат.

Двајцата поднесоа барање минатиот јуни за регистрација на брендот „Сасекс Ројал“ – кој го користеа на социјалните мрежи и на веб-страницата.

Портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс изјави дека двајцата се насочени кон формирање на нова организација во пролетта.

„Војводата и војвотката од Сасекс немаат намера да го користат „Сасекс Ројал“ од пролетта 2020 година. Затоа, апликацијата за регистрација на марката е повлечена“, рече портпаролот.

Иако тие нема да ги извршуваат досегашните обврски, по една година, договорот што го направија со кралицата Елизабета Втора, ќе биде повторно анализиран за една година.

Хари и Меган ќе живеат на релација Велика Британија – Северна Америка во наредниот период.

Во текот на февруари и март, парот ќе присуствува на одредени официјални свечености во Велика Британија.

Хари, исто така, треба да присуствува на лондонскиот маратон во април.

Од почетокот на годината, парот претежно го поминува своето време во Канада.

Слични содржини