Хари и Меган во живо

од Vladimir Zorba

Принцот Хари и Меган Маркл потврдија дека ќе споделат еден од најсреќните денови во својот живот – нивната свадба, со 2.640 обични луѓе од народот.

Тие ќе имаат можност да присуствуваат пред капелата „Сент Џорџ“ во Виндзор дворецот, за да го видат пристигнувањето како на младоженците, така и на гостите, меѓу кои сме целосно сигурни дека ќе има многу интересни имиња, и тоа не само со сина крв.

Предметната група од 2.640 лица ќе биде избрана на следниов начин: 1.200 ќе се луѓето од цела Велика Британија, номинирани од регионалните претставништва на британската монархија; 200 лица ќе се избрани од различни добротворни иницијативи, организации и фондации, со кои Хари лично се ангажирал и ги поддржувал во текот на годините; ќе има 100 ученици од две локални училишта – The Royal School, Great Park, Windsor и St George’s School, Windsor Castle; како и 610 луѓе поврзани со замокот Виндзор; 530 членови на The Royal Households и Crown Estate.

Свадбата ќе биде на 19 мај и предметните 2.640 среќници ќе ја видат процесијата, VIP гостите и најмногу: невестата одблизу!

Слични содржини