Хари: Кралското семејство е соучесник во болката и страдањето на Меган

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари за својата одлука да објави мемоари кои ги откриваат несогласувањата во британското кралско семејство изјави дека сакал да ја раскаже својата приказна по 38 години „извртување на вистината“.

Хари даде интервју за британските мрежи CBS и ITV како дел од промоцијата на мемоарите „Spare“, кои предизвикаа запаливи наслови во медиумите пред неговото објавување.

Во интервјуата емитувани во неделата, Хари рече дека кралското семејство е „соучесник во болката и страдањето“ на неговата сопруга Меган.

Хари рече дека неговата маќеа Камила открила детали од приватните разговори во медиумите бидејќи ѝ требало да го рехабилитира својот имиџ по долготрајната афера со неговиот татко и дека тој бил една од жртвите на нејзините напори да добие подобро медиумско покривање.

Тој го повтори своето тврдење дека во кралското семејство постоела „загриженост“ за бојата на кожата на неговото дете.

Хари и Меган првпат го спомнаа инцидентот во интервју со Опра Винфри во 2021 година. Тие не го идентификуваа членот на семејството кој изразил загриженост.

Тој исто така рече дека го сака своето семејство и дека ништо во книгата не е направено со намера некого да се повреди.

Книгата „Spare“ (Резерва) открива горчина во односите во кралското семејство, пишува Би-Би-Си.

Хари во книгата меѓу другото изјавил дека тој и неговиот брат го молеле татко им да не се ожени со Камила, како и дека принцот Вилијам физички го нападнал за време на расправија.

Палатата Кенсингтон, каде Вилијам живее со сопругата Кејт и децата, и Бакингемската палата, каде кралот Чарлс живее со сопругата Камила, не ги коментираа наводите од книгата.

Слични содржини