Хари: Пиев алкохол за да се справам со траумата – се обидував да побегнам од нешто

од Vladimir Zorba

Војводата од Сасекс, принцот Хари (36) откри дека по смртта на неговата мајка, принцезата Дајана, пиел алкохол за да се справи со траумата.

Хари призна во шоуто на Опра Винфри дека бил подготвен да употребува и дрога само за да се чувствува подобро, една деценија по смртта на Дајана во 1997 година, а исто така зборуваше и за нападите на вознемиреност и паника што ги имаше како постар, а го сподели и искуството од погребот на неговата мајка, пренесе Би-Би-Си..

Војводата од Сасекс опиша дека периодот помеѓу 28 и 32 години бил кошмар во неговиот живот и дека во тоа време имал напади на паника и силна вознемиреност.

– Не можев да се концентрирам. Секој пат кога ќе облечев костум и вратоврска, морав да го сторам тоа на сила. Дури и пред да излезам од куќата, бев целиот во пот. Или бев лут или не бев свој – опиша Хари.

Војводата додаде дека пиел од алкохол во петок и сабота „не затоа што уживал во тоа, туку затоа што се обидувал да избега од нешто“.

За време на емисијата на Опра посветена на менталното здравје, Хари најпрво зборуваше за себе и за своите искуства.

Слични содржини