ХАРИ СЕ ВРАЌА ДОМА? „Сака да биде со кралицата по трагичната смрт на неговиот дедо“

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари се подготвува да се врати во Велика Британија, откако неговите пријатели изјавија дека тој не сака „ништо повеќе“ освен да биде со кралицата по трагичната смрт на неговиот дедо. Ако се врати во Велика Британија, тоа ќе биде прв пат откако ја напушти земјата со својата сопруга пред повеќе од една година.

Војводата од Единбург почина спокојно во дворецот Виндзор денеска на 99-годишна возраст, откако беше во брак со кралицата Елизабета Втора повеќе од 70 години.

Двојката неславно ја напушти Велика Британија и кралските должности во март 2020 година за да води „приватен живот“ од другата страна на Атлантикот.

Беше објавено дека Хари неодамна бил изолиран во неговата вила во Лос Анџелес и дека ќе се врати само доколку се влоши состојбата на неговиот дедо. Сега пријателите на принцот Хари велат дека во моментот нема место каде тој повеќе би сакал да биде отколку со неговата баба и семејството за време на погребот.

– Тој нема да сака ништо повеќе од тоа да биде близу до семејството, а особено неговата баба, во ова страшно време. Меган очигледно е бремена, па ќе мора да се консултира со своите лекари дали е безбедно да патува, но мислам дека Хари дефинитивно ќе дојде – рекоа неговите пријатели.

Слични содржини