Хари Стајлс прогласен за „крал на попот“: Синот на Мајкл Џексон веднаш реагираше

од Stefanija Kuzmanovska

Магазинот „Ролинг Стоун“ неодамна го прогласи пејачот Хари Стајлс за нов „крал на попот“.

Хари има само 28 години, а неговите песни редовно се на врвот на музичките топ листи.

Токму поради оваа причина, овој магазин го прогласи за модерен „крал на попот“, што предизвика реакција кај синот на Мајкл Џексон, иконата на попот, кој со години ја носи оваа титула.

Имено, Принц Џексон во телевизиската програма „Добро утро Британија“ изјави дека смета дека титулата „крал на попот“ сепак му припаѓа на неговиот татко.

„Хари е одличен уметник и пејач. Има свој жанр, но Кралот на попот беше назив што татко ми навистина го заработи во време кога пристапот до информации и пристапот до популарноста и славата не беа толку лесно достапни како што е денес“, рече Принц, додавајќи:

„Со многу други социјални фактори што треба да ги земете предвид во тоа време, чувствувам дека татко ми е сè уште крал на попот, тој секогаш ќе биде крал на попот и тоа не е нешто што можете да му го одземете“.

Принц Џексон исто така истакна дека колку повеќе старее, толку повеќе сфаќа колку всушност постигнал неговиот татко.

„Неговото влијание е многу поголемо отколку што можам да сфатам“, рече тој.

Слични содржини