Харис: Можност да ја зајакнеме нашата демократија

од Stefanija Kuzmanovska

На денот на инаугурацијата на 20 јануари, ќе одбележиме нова шанса да ја заздравеме, обновиме и зајакнеме нашата демократија што сите ја негуваме, напиша на нејзиниот профил на Твитер пред инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, неговата потпретседателка Камала Харис.

„А исполнувањето на ветувањата во овој момент ќе бара од секој од нас да си го одработиме својот дел заедно“, додаде таа.

Инаку, припадници на Националната гарда од целата земја беа испратени во Вашингтон за да спречат повторување на немирите што се случија на 6 јануари кога незадоволните приврзаници на Доналд Трамп влегоа во Конгресот. ФБИ предупредува дека најголемата закана за националната безбедност за време на инаугурацијата се домашните екстремисти, охрабрени од претходниот упад во Капитол Хил.

Слични содржини