Харков: Во гранатирање загинаа 9 цивили, меѓу кои и бебе

од Stefanija Kuzmanovska

Девет лица, меѓу кои и петмесечно бебе, загинаа вчера во Харков, при гранатирање на станбен блок во близина на центарот на градот, изјави шефот на Регионалната воена управа на Харков, Олех Синјехубов.

„Меѓу убиените има и семејство кое едноставно се движело по улица, а таткото во раце го држел своето петмесечно бебе, кое му починало на градите. Мајката на ова бебе е тешко повредена и се наоѓа во болница“, рече Синјехубов, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој рече дека целта на таргетирање на станбени области во вториот по големина украински град е да се тероризираат локалните жители.

„Непријателот го гранатираше градот. Според достапните податоци, гранатирањето е извршено од северот на областа, каде што нашите војници држат позиции и го тераат непријателот кон границата, така што целта на ова гранатирање може да биде само тероризирање на локалните жители“, рече шефот на администрација.

Официјалниот претставник додаде дека областите Шевченковски и Киевски во Харков биле „жестоко гранатирани“.

Тој додаде дека девет лица загинале, а 19 се повредени, меѓу кои и едно деветгодишно дете.

„Во овој момент нашата армија цврсто ги држи своите позиции и не се доведува во прашање дека Харков може да биде освоен“, рече Синјехубов.

Слични содржини