Харви и Ирма: Приказната на двајца љубовници која трае 75 години

од desk3

Харви и Ирма една по друга нанесоа голема штета на јужните делови на САД. Тропската бура Харви причини невидени поплави во Тексас, а ураганот Ирма беснее во Флорида од неделата наутро. Вистинска реткост е два ураганот да “дејствуваат” заедно на иста територија. Овој настан е толку невиден, колку и брачната двојка, чии имињата Харви и Ирма, опстојуваат цели 75 години, пишува “Њујорк тајмс”.

Поранешниот бербер Харви Шлутер наполни 104 години во јули. Неговата сопруга Ирма има 93 години во ноември. Двојката од Споукеин во државата Вашингтон се сеќава во 75-годишниот брачен живот на важните настани како првиот пат кога  виделе авион, месечевата прошетка на Нил Армстронг или убиството на Џон Кенеди. За прв пат, сепак тие гледаат две големи бури, истовремено САД, што  ги носат нивните две мали имиња.

Колку и да е  чудно,  објаснувањето е едноставно. Од 1979 година Светската метеоролошка организација наизменично со машки и женски имиња, именува бури над Атлантскиот Океан. Изготвени се шест листата со имиња кои се користат по систем на  ротација. Имињата на бури и урагани, кои предизвикале многу жртви или штета, се повлекуваат од листата и повеќе не се користат. Се заменуваат со други имиња, почнувајќи со истата буква. Името Харви беше прв пат употребен во 1981 година,  потоа беше користено уште шест пати. По него секогаш доаѓаше Ирене. Но во 2011 година ураганот Ирене ги зафати Карибите и ги погоди и градови од источниот брег на САД. Затоа тоа беше и повлечена а  во листата “дебитираше” Ирма.

Слични содржини