Хасани: Младенците да уживаат во свадбите, но гостите да не се гушкаат за да нема  поголемо ширење на вирусот

од Берта Китинска

Факт е дека  контраверзна е одлуката  да се дозволат свадби, но и во исто време на сила да остане полицискиот час. Ние мора да се адаптираме дека не може да се направи комплетно олабавување на мерките и сте треба да сфатат дека се уште се справуваме со пандемијата на  ковид 19 иако добро одиме со масовната вакцинација, вели заменик-министерот за здравство Илир Хасани во вестите на Сител.

„Ние се нагаѓаме во официјална пандемија и самиот факт дека имам полициски час ќе спречи групирање, со самото тоа и свадбите нема да продолжат до доцните часови. Им посакувам на младенците да уживаат во свадбите, но навистина сакам да апелирам дека дозволено е само 100 гости на свадбите да присуствуваат и не треба сите да се гушкаат и да се придонесува за поголемо ширење на вирусот“, вели Хасани.

Слични содржини