Хасани: Не би се чувствувал спокојно ако сум на свадба со 300 души и сите се гушкаат и веселат

од Берта Китинска

Дали вие би почуствувале мир и спокој во душата кога ќе излезете од една свадба во 12 часот навечер после 300 луѓе коишто се гушкале и се развеселиле. Јас не би се чуствувал мирен после таков настан, изјави заменикот-министерот за здравствто, Илир Хасани коментирајќи ги барањата на угостителите да им се дозволи да ги отворат своите ресторани за организирање свадби.

Протоколи за вакви ресторани, смета заменик министерот е многу тешко да се спроведат пради самиот чин на свадбите, кој тешко се контролира.

– Од здравствен аспект ние го ставаме како Влада здравјето пред сè. Еве денес постави прашање на некој од шефовите на такви свадбарски ресторани дали вие би почуствувале мир и спокој во душата кога ќе излезете од една свадба во 12 часот навечер после 300 луѓе коишто се гушкале и се развеселиле. Јас не би се чуствувал мирен после таков настан. Јас ќе стојам сè додека не се подобри епидемиолошката состојба во Република Македонија јас стојам на мислењето на Комисијата дека треба да не се отвораат овие свадбарски ресторани, иако барањето е многу коректно затоа што тие им се единствен приход на тие бизниси- изјави заменик министерот Хасани.

Веќе неколкупати, рестораните, ноќните клубови, заедно со останатите музичари, фотографи, студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкери и модни дизајнери, го изразуваат своето незадоволство со серија протести низ Скопје.

Слични содржини