Хасани: Вакцината не познава националност и патриотизам таа е производ на Америка

од Берта Китинска

Вакцината нема националност, нема патриотизам, таа е производ на Америка, која преку Србија дојде до Република Северна Македонија, рече заменик министерот за здравство, Илир Хасани, одговарајќи на прашањето дали е разочарувачки за Албанците што пристигнаа првите вакцини во земјава од Србија во емисијата на Алсат.

„Не мислам дека е апсолутно разочарувачки. Ние, како Влада на Република Северна Македонија, започнавме преговори со многу земји за ваков вид донации пред 2-3 месеци. Тоа значи дека започнавме од Полска, од Грција и ова во некоја форма е промовирано и објавено, бидејќи навистина ни треба помош од соседните земји. Дури и во соседната држава, Република Бугарија, беше одобрено во Собранието дека откако ќе пристигнат првите дози на вакцината, тие ќе ни дадат одреден број за да ја покажеме блискоста, соседството и љубезноста на соседната држава. Меѓу првите на помош на Република Северна Македонија беше Република Србија. Вакцината нема националност, нема патриотизам, таа е производ на Америка, која преку Србија дојде до Република Северна Македонија“, рече Хасани.

Во текот на емисијата спротиствени мислења имаа заменик министерот Хасани и поранешниот министер за здравство Таравари. Вториот обвини дека Македонија преку системот КОВАКС не нарачала 800 илјади вакцини, туку околу 103.200. На што реагираше Хасани.

„За вистински информации, навистина се нарачани околу 800 илјади вакцини, можам да го потврдам ова, преку информациите што ги имаме. Тука не може да има никакви манипулации и шпекулации. Но, 20 проценти пристигнуваат во првиот квартал … Дозволете ми да објаснам дека се нарачани 800 илјади вакцини, но 800 илјади вакцини никогаш не пристигнуваат одеднаш, бидејќи има динамика на дистрибуција. Има околу 20 илјади до 40 илјади што треба да го достигнат првиот квартал, што паѓа некаде во март“, рече Хасани.

Слични содржини