Хаваи: Се урна хеликоптер со шест патници, двајца во критична состојба

од Stefanija Kuzmanovska

Хеликоптер со шест лица се урна во област покриена со лава на Хаваите, сите патници се безбедно евакуирани од авионот, но двајца се во критична состојба, соопштија американските власти.

Туристички хеликоптер со пилот и пет патници се урнал, според првите извештаи, во средата околу 17 часот по локално време, во близина на јужниот дел на Големиот остров, изјави претставник на Канцеларијата за јавно информирање на округот Хаваи, пренесува АП.

Властите соопштија дека се уште не се познати причините за несреќата, а истрагата е во тек, пренесува АП.

Слични содржини